Снимен во текот на септември 2014 година, вчера беше објавен првиот дел од краткиот документарен филм за Underworld во кој се раскажува за албумот „dubnobasswithmyheadman“, 2 децении по неговото издавање. Преку ексклузивното интервју со Rick Smith и Karl Hyde и снимки направени пред 20 години, филмот покажува како бендот деновиве се подготвува за првото презентирање на „dubnobasswithmyheadman“, со настап во живо на „Royal Festival Hall“, овој октомври.
dubnobasswithmyheadman е третиот албум на Underworld, издаден во Велика Британија под етикетата „Junior Boy’s Own“, на 24 јануари, 1994 година. Ова е прв албум на „новата верзија“ на бендот по 1980 година, откако тие ја прават транзицијата од „synthpop“ кон техно и прогресив хаус, но исто така и прв албум каде е вклучен и Darren Emerson.