Долгоочекуваната верзија на „Дина“ (Dune) на Денис Виленув ќе почне да се прикажува во кината на 18 декември, а за филмот конечно беше објавен првиот трејлер.
Делото на француско-канадскиот режисер („Polytechnique“, „Incendies“, „Prisoners“, „Enemy“, „Arrival“ и „Blade Runner 2049“) е базиранo на научно-фантастичната новела на Френк Херберт, а во него глуми Тимоти Шаламет како Пол Атреидс, чие семејство добива сопственост на опасната пустинска планета Аракис.
Во филмот глумат и Оскар Исак, Зендаја, Ребека Фергусон, Џејсон Мамоа, Шарлот Ремплинг, Џош Бролин, Дејв Баутиста и Хавиер Бардем.