Музичарот, гитаристот од Скопје, Кире Мирчовски, неодамна ја сними песната „Wanderlust“, каде како специјален гостин се појавува Дамир Пух, кој го работи и миксот и мастерот на целиот проект на Мирчовски.
Се работи за инструментална рок музика со примеси на фанк и блуз.
Мирчовски нагласува дека моментално работи на неговиот соло проект, албумот „Insanus“.
Во продолжение, погледнете го спотот за „Wanderlust“: