Првиот македонски студент со Даунов синдром Александар Матовски – Цако, денеска ја раскажа својата приказна на Светската конференција во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Тој говореше за личните примери за редовна вклученост во образовниот систем, за социјалната интеграција, поддршката од институциите и околината, но и за емисијата „Јас сум Цако“ која еднаш месечно оди на Радио МОФ. Во Њујорк отпатува во придружба на својата сестра Марија, која беше и негов преведувач за време на обраќањето.
Погледнете го видеото од говорот на Цако во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, објавено на НоваТВ.