[Видео] Од Џастина Мајлс до Викторија Волак – како знаковнот јазик го освои светот

Деновиве, интернетот е преплавен со настапот на Ријана на спортскиот настан „Super bowl“ 2023, односно финалето на Националната фудбалска лига (НФЛ).

Но, фокусот од нејзиниот настап го „украде“ Џастина Мајлс, која ги толкуваше песните на Ријана на знаковен јазик.

 

Џастина Мајлс има 20 години и е првата женска глува толкувачка на полувремето на „Super bowl“.  За време на прес-конференција, Мајлс изјавила дека нејзиното искуство кое го сподели со целиот свет го посветува на илјадници глувонеми лица во Америка и светот.

„Сакам да ја зголемам самодовербата на милиони и милиони глуви афроамериканци кои никогаш досега не виделе вакво нешто“, додала таа.

Мајлс не потсети на нешто слично. Македонската толкувачка на знаковен јазик, Викторија Волак, пред една година објави интерпретација на песната „Roar“ од Кејти Пери.

 

Радио МОФ пред извесно време објави и видео со Мими Бојаџиевска, која самостојно и од своја желба започнала да го изучува знаковниот јазик,  а цели да стане толкувачка. Таа со нас сподели некои почетни зборови.