Еден од најголемите фестивал за психоделична транс музика, Озора, кој се одржува во Унгарија, го објави официјалниот афтер-филм од 2017 година.
Документарниот филм го презентира целиот психоделичен мини град, со бини за различна музика, работилници, занаетчиски катчиња, места за кампување, за релаксација и јога, игротеки… Исто така, вклучени се и стандардните разладувачи – пожарникарите кои прскаат вода на присутните фестивалџии.