Јапонскиот технолошки гигант Sony ја претстави официјалната реклама за новото, четврто издание на популарната конзола, Playstation, која излегува во продажба на 15 ноември. Видеото носи наслов „Совршен ден“ („A Perfect Day“), а во него е искористена истоимената песна на Lou Reed.