[Видео] „Оружје од гнев“ – прв соло проект на Филип Тасевски-Fitz

„Можеш ли да ме водиш, слеп вернику, каде што води твојот грев? Помеѓу свето и световно, се што имаш е оружје од гнев“, се воведните стихови во првиот соло проект на фронтменот на групата „Новиот почеток“, Филип Тасевски-Fitz.

Во спотот се појавува Предраг Павловски како и децата од Здружението за културна уметничка едукација „Од игра до претстава“.

Видеото е во режија на Ана Јакимска, а од вчера е достапно и на You tube.

Аудио верзијата може да се преземе на овој ЛИНК.

„Можеш ли да ме водиш, слеп вернику, каде што води твојот грев?
Помеѓу свето и световно, се што имаш е оружје од гнев

Господине земјопоседнику крцка ли кога газиш трупови?
Го сонуваш ли денот кога ќе станат по главата на твојот син?

Еј ти врву еволуциски, кажи ми како тоа си
најинтелигентното суштество а се храниш со лешеви

Знам,
луѓето ќе сфатат се,
во некој друг таму прекрасен свет
кој хипотетички постои
но овде останавме осудени

Знам,
залудно е сега се,
во овој тажен и осамен свет,
еволуциски неуспех
роб на фиктивни симболи
патетичен роб на себе

Знам,
луѓето ќе сфатат се,
чекаат виза за другиот свет
кој хипотетички постои
а овде сме само осамени

Знам,
залудно е сега се,
во овој тажен и осамен свет,
го жалам човекот
еволуциски неуспех
роб на фиктивни симболи
со толку погрешни вредности
опколени насекаде.“