Во изминативе пет години, во Србија близу Нови Сад, на остров на реката Дунав се случува летениот фестивал „Elysium Island Festival“.
Освен психоделичен транс стејџ, фестивалот нуди и посебен „Larva“ стејџ за амбиентална и трајбл музика, но и филмски проекции, театар, уметнички простори, разни работилници и места за дружење, сето во тропски амбиент и песочна плажа.
Летово следува шесттото издание, а во продолжение погледнете го официјалното видео што го изработија организаторите за петтото јубилејно издание на фестивалот од 2019 година: