Со свеченото отворање и настапот на словенечкиот бенд „Kар чеш бенд” во Куршумли ан започна годинешната скопска Недела на дизајн.
Секој ден од 10:00 до 17:00 часот ќе се одржуваат работилници, предавања и други форми на научно и практично образование.
Попладневниот дел од 17:00 до 20:00 часот е време за деловни контакти во опуштена атмосфера, а вечерната програма е со бендови и диџеи од Македонија и регионот.
Меѓу изложбите ќе биде и таа за презентација на прототипови на современ македонски мебел, изработени од 13 млади дизајнери. Оваа изложба во 2014 година ќе патува на регионални фестивали за дизајн.
Ќе се претстават дизајнери од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шведска, Норвешка, Велика Британија и од Швајцарија, која е земја во фокусот на годинашната скопска недела на дизајнот.
Погледнете каква беше атмосферата на отворањето: