Млади инженери во Најроби, Кенија најдоа начин добро да ја искористат пластиката за една употреба во земјата која нема капацитет за рециклирање. Од пластиката тие прават тули.
Во јуни 2020 година, Кенија воведе забрана за пластика за еднократна употреба во заштитените природни области, како што се национални паркови, плажи и шуми. Претходно пак, во 2017 година, земјата се најде на насловните страници во медиумите, откако воведе забрана за пластични кеси на национално ниво.
Сепак, пластика постојано се натрупува во оваа африканска земја. Само во главниот град Најроби секојдневно се создаваат околу 500 метрички точни пластичен отпад. Додека земјата има капацитет да рециклира само дел од неа, постои страв дека дополнителни 500 тони ќе влезат во земјата. Ова е резултат на новиот договор за слободна трговија меѓу Кенија и САД.
Четворица инженери од Најроби бараат алтернатива. Во 2017 година, тие ја основаа компанијата „Gjenge Makers“ која рециклира пластични шишиња и масло за готвење и ги претвора во тули.
Погледнете повеќе во прилогот на „Еуроњуз“.