Говорот за проблемите во македонскиот здравствен систем на студентката по новинарство Теодора Новеска победи на 8-мата ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Второто место го освои студентот на Правниот факултет, Лазар Тасев, со говор за корупцијата во македонскиот правен систем, додека третото место го освои Љупка Трајкова од Медицинскиот факултет, која говореше за самодовербата.
Првите тројца најдобри оратори добија парични награди од 12, 9 и 6 илјади денари, заедно со комплет книги на издавачката дејност на Правниот факултет при Универзитетот.
Нивните говори можете да ги погледнете во продолжение: