Младиот Андреј Ѓорѓиевски е автор на краткиот филм „The Annexation“. Ова десетминутно филмско дело направено со нула буџет е снимено во Македонска Каменица, која е „нападната“ од вонземјани.
Само еден војник ја преживува инвазијата и се обидува да се спаси во планините, но и таму не е безбедно. Главните улоги ги играат Јане Стојменовски и Стево Стаменковски. Ѓорѓиевски, пак, се јавува како режисер, снимател и сценарист на краткиот филм. Го снимил во рок од три дена со помош на пријатели. Тој дипломирал Индустриски дизајн на Машинскиот факултет и е љубител на sci-fi филмовите.
Во продолжение, погледнете за што станува збор: