[Видео] Портети на современи македонски писатели – Симона Јованоска

Центар-Јадро го објави и третиот видео портрет посветен на Симона Јованоска, со која ја продолжуваат серијата видео портрети на современи македонски писатели.

Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.

Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година добива второ место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“.

„Денот на црвот“ е нејзин прв роман и прогласен е за „Роман на годината“ за 2021 година од Фондацијата „Славко Јаневски“.