Центар-Јадро го објави видео портрет посветен на писателот Стефан Алијевиќ, со кој ја продолжуваат серијата видео портрети „Современи македонски писатели“.
Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Алијевиќ се појавил на книжевната сцена со творбите објавени на интернет-порталите „Окно“ и „Разноликост“.
Во 2020 година бил финалист на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Новите!“, а во 2022 година ја објавил првата книга, збирката раскази „Вечерен автобус“. Добитник е на наградата „Штефица Цвек“. Три негови раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).