[Видео] Портрети од современи македонски писатели – Ивана Јовановска

Центар-Јадро објави портрет посветен на писателката Ивана Јовановска, со кој ја продолжува серијата на видео портрети „Современи македонски писатели“, која ја започна во 2020 година.

Како автор на видеортретот на Јовановска, воедно и на целиот нов серијал, е младиот режисер Мартин Чичовски.

Инаку, Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Авторка е на стихозбирките „На ракавот на градот“ (2021, ПНВ Публикации) и „Номадски затвори“ (2023, ПНВ Публикации).

Учествувала на поетската ноќ во Велестово, на „Отскочна штица“ во рамките на Скопскиот поетски фестивал и на повеќе поетски читања во Скопје, како: „Астални проекции“, феминистичкиот фестивал „Прво па женско 6“, поетските читања во Социјалниот центар „Дуња“, како и на интернационалниот поетски фестивал „Лезеленц“ (LeseLenz) во Хаусах, Германија. Нејзините песни се често објавувани во периодиката и преведени на германски, грчки и на англиски јазик. Член е на европската поетска платформа „Версополис“