[Видео] Преку онлајн активизам до препознавање дезинформации

Младинскиот образовен форум (МОФ) и оваа година организираше Летна академија на која учествуваа околу 80 млади средношколци и студенти од целата држава. Тие следеа предавања од областите на дебата и критичко размислување, дигитално граѓанство и права, онлајн активизам и препознавање на дезинформации и новинарство и медиуми.

Во видеото подолу разговараме со учесниците на траката Онлајн активизам и препознавање на дезинформации кои ни откриваат зошто одбрале да ги следат овие предавања и зборуваат за важноста на активизмот во општеството.

Анастасиа Такева, Јасмина Јовчевска, Сара Арсова, Лифа Сефер и Анастасија Петровска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

*Ова видео е изработено од дел од учесниците на траката Новинарство и медиуми за време на МОФ Летната академија под менторство на новинарите на Радио МОФ.