„Би се викал Барбара“ е краток документарен филм за двете најголеми желби на 22-годишното момче од предградието на Скопје: најпрво да стане девојче, а потоа и популарна пејачка. Соочувајќи се со предизвиците на балканската реалност, таа се обидува да остане верна на она што навистина е.
Животната приказна на Филип Јаневски – Фифи, трансродно лице од Скопје се раскажува низ режијата и сценариото на Ана Јакимска, а асистент на режија е Андреј Георгиев. Во тимот учествуваа и Бранко Костески – камера, Сашко Потер Мицевски – монтажа и Сандра Ѓоргиева – асистент на монтажа. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Ана Јакимска (1988) дипломирала Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје со посебен интерес за компаративата како методологија на проучување на односите меѓу уметностите. Магистрант е на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за филмска и ТВ режија.
Извор: womensalliance.mk