Во тек е евакуација на членовите на Претставничкиот дом и Сенатот од зградата на американскиот Конгрес во кој денеска упаднаа приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Демонстрантите се обидоа да влезат во салата каде се одржуваше заедничката седница на двата дома на парламентот на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден на изборите.
Protesters are on the third floor of the Senate, walking door to door, shouting “Where the fuck are they?”
They’re in the gallery pic.twitter.com/3v4XsPWl5o
— Igor Bobic (@igorbobic) January 6, 2021
Поддржувачите на Доналд Трамп се судрија со полицијата. Репортерот на „Ал Џазира“ посочи дека ситуацијата пред Конгресот е хаотична.
Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Броузер објави полициски час од 18 часот. На пратениците во Конгресот им беше кажано да најдат засолниште, а вратите се заклучени откако демонстрантите успеаа да влезат во зградата. Неколку членови на Когнресот на Твитер напишаа дека се на безбедно.
Илјадници поддржувачи на претседателот Трамп кој изјави дека „никогаш“ нема да го признае поразот, се собраа во Вашингтон на протест во очи на средбата на Конгресот на кој се очекува да се потврди победата на Бајден.