Видео промоција на албумот „ASCEND“ на Горан Таневски

Во понеделник (27 ноември) во кафулето „Котур“ ќе се одржи промоција на музички видео записи од новиот албум на Горан Таневски насловен „ASCEND“.

Албумот е прв од трилогијата наречена „Среќен сум дури и без себе“ кој ќе излезе на 14 декември, за издавачката куќа „Менарт“ од Словенија.

„Покрај проекцијата на музичките видео записи, ќе ја имаме честа да го чуеме и Горан Таневски во живо со вокална интерпретација на одредени композиции, а и да поразговараме со него“, се посочува во најавата за промоцијата.

Автор на музичките видео записи е Мики Ставрев од „Criminal Records“, освен на видеото за „Ascend“ кое е дело на Светислав Подлешанов.