Македонија е едниствената земја во регионот, во која нема простор за независната култура. Во изминатите години замреа сите независни простори од сферата на културата: Културниот центар Точка, Центарот за современи уметности, Прес ту егзит проектен простор, Т-Хаус, Место и Арт Институт. Три години по затварањето на еден од најактивните културни центри, Точка, претставниците на независниот културен сектор потсетија на своето постоење и испратија порака дека нема да се откажат од барањето на свој простор и поинакви културни политики.
Во акцијата насловена „Секоја точка означува почеток!“, која беше замислена како отворен форум, со свои пораки учествуваа голем број претставници на независниот културен сектор и активости. Нова пренесува дел од нивните изјави.
Оваа активност е во рамките на проектот „Сосед чувар“ кој го имплементира Плоштад Слобода, поддржан од Фондацијата Отворено општество преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот на УСАИД обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи и е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).