[Видеo] Првата скејтерска генерација во Гана

Во Акра, главниот град на Гана, настана првата скејтерска екипа во оваа земја под името „Скејтерска нација“.

Се започнало кога Џошуа Одамтен видел дечко, инаку странец, во шопинг центар како носи скејт. Со оглед на тоа дека во Гана немало продавници каде може да се купи скејт, му понудил пари.

Од тогаш, тој започнал да учи од неговите телевизиски идоли како Крис Кол.

Набрзо започнал да ги учи и своите пријатели, кои успеал да ги заинтересира за овој спорт, кој за нив дотогаш бил непознат.

Така се создала екипа од триесет скејтери, која прави свои возни полигони каде може.

Сами си направиле рампа и возен парк.

Во продолжение, погледнете го краткиот документарен филм за тоа како самоуките скејтери донеле нова уметност на улиците на Акра.