Државниот инспекторат за животна средина се приклучува кон европските колеги од мрежата IMPEL, кои користат т.н. паметни алатки кои се во функција на поголема ефикасност на инспекциските надзори.
Првото снимање е направено во општина Карпош м.в. Момин Поток и Градски парк Скопје на 29 јануари.
„Снимањето ќе продолжи на територијата на целата држава во сите три области: вода, природа и животна средина“, велат од Инспекторатот.
Од таму напоменуваат дека сите снимки ќе бидат јавно достапни преку видео и слика со цел подобрување на состојбата на животната средина во целата држава.