Запознајте го Алшар – првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија. Алшар кој претставува спој на вештачката интелигенција и мехатрониката, неодамна го имаше првиот настап во клубот Ребел во Охрид.
Хуманоидниот робот ди-џеј беше промовиран на Денот на независнота на Македонија, каде домашна и странска публика имаше можност да го просведочи перформаност. Покрај Ребел, тој бил промовиран и на смотрата за електронска музика во Битола, а веќе има закажно и следни настапи во Македонија.
Алшар е воглавно е составен од два дела – хардверски и софтверски дел. Хардверскиот дел е изработен со помош на технологии со помош на широко-достапни технологии со отворен код.
Софтверот имплементира методологии на машинско учење при што Алшар константно слуша музика создадена од човекот, со цел да може да ги емулира мелодиите, трендовите, стиловите, а во исто време и да креира нови хибридни стилови на музика.
На Алшар работел тим од инженери, машински, софтверски инженери, како и бројни уметници. Целиот корпус е изработен во Друштвото за истражување и развој Сефиданис во Охрид, каде биле ангажирани и студенти од Охрид и Скопје.
Погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ.
Мартин Колоски