[Видео] Растот на човечката популација во последните 200 илјади години

Откако човештвото го достигна бројот од милијарда луѓе, за само 200 години, бројот нарасна за уште шест милијарди. Станува збор за последиците од технолошкиот напредок, иако тоа имаше своја цена, како на пример, различните видови на загадувања и исцрпувањето на извори. Ако ова продолжи, до 2100 година, се очекува популацијата да има 11 милијарди луѓе, а како тоа изгледа може да се погледне во видеото кое го подготви Американскиот музеј за национална историја.