Долгометражното видео/видео албум на бендот „The Hip“ – „Reality Overdrive“ има премиерен викенд на „Јутјуб“.
Видео албумот е во режија на Јане Алтипармаков, оригиналната идеја е на Љубиша Петрушевски, камерата на Лени вон Гелева, а монтажата на Владимир Петровски Картер, Дарко Стефановски и Димитар Илијевски. Во него учествуваат „The Hip“, Сања Костовска и Ања Илиева.
Цртежите се изработени од Дијана Богдановска и Александар Илоски.
Станува збор за визуелен ремикс на музиката на кумановскиот алтернативен бенд „The Hip“.
Проектот е добитник на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена на манифестацијата – „МАН“.