[Видео] Реклами што прецизно ја предвидоа иднината

[Видео] Реклами што прецизно ја предвидоа иднината

Повеќето предвидувања за тоа како ќе изгледа иднината се испоставуваат како погрешни – денеска не носиме едноделна облека како во „Star Trek“, а во домовите немаме роботи-куќни помошници, како што замислуваа СФ-писателите пред неколку децении. Но, постојат и неверојатно прецизни предвидувања за денешнината, дадени пред 20 и повеќе години. Еве неколку реклами кои „погодија“ каков ќе биде животот во 21-от век.

1993, AT&T: View of the Future

Електронски книги, ГПС-навигација и безжични таблети со кои „можете да испратите некому факс од плажа“, во оваа реклама стара 20 години.

1967 – Walter Cronkite: дневната соба во 2001

Како ќе го користиме слободното време за забава по 35 години? – се запраша прочуениот новинар Walter Cronkite во 1967. Предвидувањата се малку непрецизни, ама концептите се „погодени“.

1987  – Apple: Futureshock
Пред цели 26 години, Apple ги најавува дигиталниот личен асистент (како Сири), екраните на допир и видео-повиците.

1966 – Home Computing

Потенцијалите на персоналните компјутери, претставени многу прецизно уште во 1966

1995 – „Додека стигнеме на колеџ, интернетот ќе биде наш телефон, шопинг-центар, телевизор и работно место“, велат ученици од 5-то одделение во ова едукативно видео од пред 18 години.

70-тиArthur Clarke ги предвидува компјутерите и интернетот

Прочуениот СФ-писател прецизно ја предвидува технологијата на почетокот на 21 век

Извор