Вечерта на 22 октомври во околу Актичкиот круг во Финска била забележана прекрасна поларна светлина.
Во еден момент, можеле да се забележат и црвени аурори.
Според локалните жители, да се види ваква црвена поларна светлост со голо око е исклучително ретко. Вообичаено ваквата глетка се појавува во други нијанси на бои, како зелената.
Поларна светлина е природна појава на светлина на небото предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Оваа светлина е позната и како поларна аврора или колективно, како поларни светлини (аурори).