Холандскиот студент на режија Ентони ван дер Мир направил документарец со својот телефон, откако свесно дозволил да му биде украден и го шпионирал крадецот преку скриена апликација.
На ван дер Мир еднаш му бил украден неговиот Ајфон, и помислата дека туѓинец има пристап до сите негови податоци го загрижувала.
Сакајќи да ги одговори прашањата зошто некој би го направил тоа и каде завршуваат украдените телефони, Ентони дозволил да му биде украден и друг телефон, а потоа го следел крадецот користејќи скриена апликација. За целиот процес направил интересен и впечатлив краткометражен филм.
„Find My Phone“ успеал да го сними благодарение на „spyware“ апликацијата наречена Cerberus. Преку неа, ван дер Мир успеал оддалеку да го следи и контролира својот телефон кога и да биде вклучен и поврзан на интернет.
Ентони ги слушал повиците на крадецот, ги читал неговите пораки, правел фотографии, па дури и снимал и аудио и видео.
Потоа, режисерот „спакувал“ сé во 21-минутен документарен филм, кој потенцира колку е лесно да се шпионира во дигиталната ера. Видеото е веќе прегледано 1,7 милиони пати. Последните податоци покажуваат дека телефонот завршил во Романија.