Еден од најсилните техно фестивали на просторите на Балканот, Sonus, кој се одржува во три дискотеки на плажата Зрќе на хрватскиот остров Паг, заврши пред два дена, со традиционалната афтер-забава во клубот Kalypso, која годинава траеше цели 17 часа.
Низ овој незаборавен музички маратон, посетителите ги водеа Ricardo Villalobos, Zip, Rhadoo, Margaret Dygas, Sonja Moonear i Binh. И по афтерот, кој траел до полноќ, најиздржливите клабери до следното утро ги забавувал резидент-диџејот на клубот, Bronxwon.
На затворањето, организаторите подготвиле величествен огномет, а присутните ги изненадил чилеанскиот диџеј Ricardo Villalobos, кој пуштил песна од легендата на ромската музика, Шабан Бајрамовиќ. Еве како звучи музиката на Бајрамовиќ пред илјадници рејвери: