Талентирани луѓе можат да ја сложат Рубиковата коцка за неколку секунди, а на робот како овој му е потребна само една секунда. Роботот по конструкција не е сложен, склопен од двајца луѓе чие хоби е токму роботиката.
Има веб камери, моторен дел и пресека што на роботот му дозволува да ја сврти коцката. Веб камерите се поврзуваат со алгоритам кој го открива најмалиот број на потези за да се склопи коцката што е можно побрзо.
Резулатот од 1,019 секунда е предложен за нов светски рекорд.