После три месеци напорно вежбање, учениците од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари се подготвени да се претстават во јавноста со својот уникатен стил на музика. Тие ќе покажат како звучи рок музиката со примеси на ромската музика. Бендот „Roma Rock School“ ќе го одржат свој прв концерт на 16-ти декември во клуб „Маракана“ во Скопје.
Во продолжение, погледнете ја и албанската верзија:
Проектот има за цел децата Роми и младинци од останатите ранливи групи да се вклучат во вон-наставна активност, која значи музицирање на инструментите кои им се омилени и за кои поседуваат талент, а со тоа да се стекнат со музички знаења и вештини преку свирење во бенд. Нивна цел е учесниците да го сплотат традиционалниот ромски мелос и мелосот на останатите етнички групи во Македонија, со рок, џез, блуз и останати музички правци во период од 12 месеци.
Емилија Петреска
*Видеото е направено во склоп на проектот „На час“, чии активности се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.