Музичарите од оркестарот на Ротердамската филхармонија, кои се во самоизолација поради пандемијата со коронавирусот, преку видео врска се здружија за да снимат виртуелна заедничка изведба на 9-тата симфонија на Лудвиг ван Бетовен од своите домови.
Холандскиот оркестар го сними финалниот дел на симфонијата „Ода на радоста“ со 19 различни музичари кои ги снимаат своите делови на нивните инструменти. Секој дел потоа е додаден на аудио микс, заедно со архивски снимки од последниот хорски дел од музичкото дело.
Додека концертните сали и театрите се затворени, тие на ваков креативен начин се обидуваат да ги прикажат нивните вештини задржувајќи ја социјалната дистанца потребна за спречување на ширење на вирусот. Нивното видео погледнете го во продолжение: