[Видео] Шанса за Центар: Му се токмат да одгризат дел од Парк на Франкофонија, мора да бидеме будни и гласни

Уште еден парк на нишан. Засадија две дрва, ама му се токмат да одгризат дел од Паркот на Франкофонијата! Паркот не е зграда. Паркот го гледаме како – за свеж и чист воздух, за релаксација, за природата сред градот, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Од иницијативата посочуваат дека сопственикот на поранешната кафана „Опатија“ паркот го гледа како парцела за градење.

„Притиска и лобира за повеќекатница во срцето на паркот. Доста е! Дали има крај на алчноста? Паркот е на граѓаните. Да не jа пропуштиме, шансата да ги зачуваме последните зелени површини во Центар. Ќе бидеме гласни кога ќе се обидете да продадете уште едно парче од нашиот град“, стои во реакцијата на социјалните мрежи на иницијативата, која објави и свое видео.