5,2 милиони евра планира да потроши Општина Центар за нова катна гаража на местото на монтажната позади ТЦ Буњаковец! 5,2 милиони!, стои во реакцијата на граѓанската иницијатива Шанса за Центар.
Од таму велат дека тоа се прави без анализа, без физибилити студија, без консултација со граѓаните, за гаража која може да биде висока до 29 метри.
„Побаравме прво да се анализира: како еден ваков џиновски објект ќе влијае на околината и на сообраќајот кај Песталоци… колку паркинг места има сега, колку се потребни… има ли воопшто потреба од таква гаража?! Или финтата како и со сите гаражи до сега е – на мала врата да се протне нов трговско деловен центар!“, се вели во реакцијата која е пропратена и со видео.
Истовремено, Шанса за Центар потенцира дека мнозинство од советниците во Центар ја прифатила оваа промена.
„Ним не им треба никакво образложение“, велат од иницијативата.
Фото: Принтскрин од видеото на Шанса за Центар