Михаил Силјаноски има само 6 години, но тоа не го спречува да свири на тапани како искусен професионалец. Тешките рок/метал песни ги изведува без проблем.
Малиот Михаил свири од две години, а во неговата музичка едукација му помага неговиот татко Мишко Силјаноски, кој е актуелен член на групата „Reinconnected“, а бил во составот и на други бендови изминативе 20 години, меѓу кои и „Морбили“.
Во продолжение, погледнете како шестгодишното „мајсторишче“ од Охрид „растура“ на тапани.