Какви би биле последиците ако од Земјата одеднаш ги снема сите луѓе? Овој мисловен експеримент го истражува не само влијанието што човештвото го има врз планетата, туку и неверојатната отпорност на природата. Што би се случило?
Најпрво, електричните централи би престанале да работат, а со тоа и електричните огради, ослободувајќи околу 1.5 милијарди крави, милијарда свињи и преку 20 милијарди кокошки на слобода. Сите тие, заедно со домашните кучиња и мачки, би се вратиле назад по еволутивните патеки – кон нивните диви претци. Патиштата би се претвориле во реки, дрвените куќи со време би изгореле, бетонските згради би почнале да се уриваат, но и покрај ова, една работа би издржала најдолго – нашата пластика. Погледнете ја анимацијата во која се одговара ова прашање: