По повод 10 декември – Меѓународниот ден за човекови права, членовите на Медиа арт клубот на Младински образовен форум Тетово изработија видео прилог во кој ги изразуваат своите ставови за прашањето – што се човекови права.
Членовите исто така испишаа и транспаренти со пораки за потребата од почитување на човекови права и слободи кои ги залепија во центарот на градот.
Камерата и монтажа на ова видео се дело на Глигор Кондовски, а работата ја координираше Елена Мишевска од МОФ Тетово.