Според донесениот Закон за младинско учество и младински политики во секоја општина треба да функционира најмалку еден младински центар. Со младинските центри управуваат младински организации или организации за млади, а во нив работат сертифицирани младински работници. Нивната главна цел е да воспостават поголема вклученост на младите во носењето одлуки за младинска политика преку повеќе секторски пристап.
Сојуз на младинска работа (СМР) сподели видео-објава на социјалните мрежи во кое објаснува што се младинските центри и која е нивната работа.
Видеото е подготвено како дел од кампањата на СМР за отворање младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, донесен минатата година.
Од Сојузот ги повикуваат сите кои имаат прашања или им е потребна поддршка во процесот, да ги контактираат на smr.sojuz@gmail.com.