Илина Димовска и Бојан Станков, од Здружението на студенти по психологија „Психеско“, се приклучија на нашата кампања #ШтоТиТежи, посветена на менталното здравје на младите. Тие ги споделија своите искуства поврзани со карантинот и изолацијата и низ сопственото искуство, дискутираа за прашањата поставени на нашиот Инстаграм профил.
Илина и Бојан се студенти од трета година на Институтот за психологија при Филозофски Факултет, УКИМ.
Илина од најраните средношколски години се занимава со неформално образование и активизам, вклучително како член на клубовите на МОФ. Во студентските денови таа е член на „Психеско“, бавејќи се со психологијата како примарна страст. Со успех во формалното и неформалното образование, зема активно учество во многубројни меѓународни тренинг курсеви, а се има стекнато со пракса во основно училиште и „Гешталт институт“. Нејзини основни полиња на интерес од областа на психологијата се персонологија, личен развој, семиотика, аналитичка, еволуциска и социјална психологија.
И Бојан во средношколските денови членува во клубовите на МОФ. Потоа, неговата активност продолжува во „Психеско“. Има учествувано на два меѓународни EFPSA психолошки конгреси со наслови „Exploring Personality – Diversity & Individual Differences“ во Малта, 2018 и „A Search for Happiness“ во Данска, 2019.
Неговите најголеми интереси од областа на психологијата лежат во полињата на персонологија, социјална психологија, еволуциска психологија, психопатологија (поспецифично анти-социјални растројства) и организациска психологија (индивидуална продуктивност и продуктивност на индивидуи во групи).