Запознајте ја Сибел Бајрам – од девојка која израснала со дискриминација, до наставничка која денес учи нови генерации како да се изборат против предрасудите и стереотипите.
Бајрам оваа година ја доби наградата за младинско учество, за својата работа како активист за човекови права фокусирајќи се на родовата еднаквост меѓу Ромките и младите преку активно менторство и поддршка на младите Роми.
Таа за Радио МОФ зборува и за проблемите со кои се соочуваат младите, како и за опасноста пандемијата со Ковид-19 да остави голем број деца надвор од образовниот процес.
Нејзината приказна погледнете ја во видеото во продолжение:
Даниел Евросимоски