,,Сите сме исти’’ е химната за лицата со ретки болести, која вчера беше промовирана во Охрид како дел од активностите по повод одбележувањето на Денот на ретките болести.
Во нејзина изведба се вклучи ,,OhridSUPERSTAR Band’’, кој го сочинуваат Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Песната посветена на Децата со ретки болести е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Дамјан Пејчиноски свири на гитара.