Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на бројката на превезени патници, објави Мета.
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од 2018 година на територијата на Град Скопје биле регистрирани 149.484 патнички автомобили. Оваа бројка значи дека на скопските улици се движат 18.844 повеќе автомобили во споредба со декември 2014 година, кога биле регистрирани 130.640 автомобили.
Во идентичниот период, бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз е намален за дури 8 милиони. Според документите за годишното работење на ЈСП – Скопје, во 2014 година биле регистрирани 52,9 милиони патници во јавниот превоз, додека четири години подоцна со градските автобуси биле превезени 44,7 милиони патници. Во вакви услови, клучното прашање што се поставува е каде ќе се паркираат сите 150.000 автомобили во главниот град.
Целиот текст-анализа на Мета може да го прочитате ТУКА.