Тео Ангеловски и Љубомир Домазетов со своите дронски снимки деновиве ја доловуваат атмосферата од скопските улици за време на полицискиот час.
Ангеловски во своите видеа вметнува и мрачна музика што многумина ги потсети на популарната серија „Чернобил“.
Домазетов, пак, на својот Фејсбук профил напиша: „Со ваква дисциплина верувам во убаво утре“.