Скопје во неонски бои и ретро електро звуци во позадина.
Најновиот производ на музичкиот проект „Искра“ ги спојува аудиото и визуелното, водејќи ги слушателите во исклучително „vaporwave“ патување низ градот. Спотот е изработен во соработка со фотографот Венко Шереметковски и уметникот Михаил Наумов.
Инаку, „Искра“ е ново освежување на македонската музичка сцена. Се појави во септември, минатата година, со „Raindrops“, по што следуваше и „Enter Union Zero“.