Група ученици од гимназијата во српскиот град Чачак објави снимка на Youtube на која се гледа како омаловажуваат професорка, го превртуваат инвентарот во училиштето и малтретираат минувачи.
Снимката, која се прошири по социјалните мрежи, предизвика бура на негодувања и реакции во српската јавност. Се бараат остри казни и одговорност за дивеењето на учениците, но и системски мерки од државата со кои ќе се влијае врз свеста на младите генерации.