Тројца млади уметници, од три различни генерации, ги градат своите кариери и ја промовираат македонската култура преку класичната музика и покрај пречките кои им стојат на патот.
14 годишниот Арда веќе освојува меѓународни награди вежбајќи на старо пијанино, додека квалитетните клавири во државата не му се достапни. Во недостаток на финансии, пропушта важни странски натпревари и предавања кои би го усовршиле неговиот талент.
На 22 годишниот Дамијан, потребно му е повеќе време на сцена и атмосфера на културната сцена во која врските нема да бидат поважни од квалитетот.
32 годишниот Васил веќе две децении својот сон го живее во странство, настапувајќи во некои од најпознатите светски концертни сали. Од неговото искуство, упорноста e карактеристиката со која вистинските уметници пркосат на финансиските и политичките препреки.