Светот ја дочека новата 2018 година. Беа организирани стотици спектакуларни огномети, западниот свет ја прослави со обилни трпези, истокот со молитви.
Илјадници посетители допатуваа во Лондон да го видат огнометот за новогодишната ноќ. Светлечкото шоу беше дополнето со саундтракот во кој доминираа жените за да ја одбележат 100-годишнината откако жените добија право на глас.
И останатите градовите ширум светот понудија импресивни прикази. Вообичаено, погледите и годинава беа свртени кон највисоката зграда во светот „Бурџ Калифа“ во Обединетите арапски емирати -ОАЕ, иако властите поради безбедносни причини годинава одлучија да нема огномет. Затоа на зградата беше поставено лед-осветлување, а на екранот беше прикажана арапска калиграфија, геометриски шари и портрет на шеикот Заед, како прв претседател на државата.
HAPPY NEW YEAR: Dubai counts down the seconds to 2018 with a humongous building-sized display.
Follow all the celebrations live from around the world: https://t.co/fTMfaxjvF3 pic.twitter.com/Fpk0uACeT2
— ABC News (@ABC) December 31, 2017
Во САД вообичаено, остана популарен преченот на Нова година на плоштадите, како и на најпознатиот во Њујорк на Тајмс сквер. Во Париз десетици илјади граѓани ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелиле под силни безбедносни мерки поради неодамнешните терористички напади.
Во Русија Новата година се одбележува во 11 часовни зони и граѓаните присуствуваа на огномети и празнуваа додека термометрите покажуваа десетици степени под нулата. Јапонците пак го прославуваа во храм во Токио каде точно на полноќ по локално време ѕвонеа големи ѕвона точно 108 пати.
Во Австралија дочекот мина со голем огномет и под силно обезбедување, иако властите тврдеа дека немало посебни причини за ваквите мерки. Новата година стигна на Нов Зеланд пак беше пречекана на улици и плажи, со огномет.