Составот „Pluto’s doubts“ објави тазе спот за песната „Немир и валиум“, во режија и монтажа на Јане Спасиќ.
Креативните „Плутоси“ продолжуваат онаму каде запре нивниот албум „Сизиф“, кој донесе свеж, иновативен зук и промислени, поетични, а понекогаш и филозофски текстови.
Бендот е составен од Марио Симоновски, Горјан Стојменовски, Симон Пеоски, Дарко Поповски и Емил Спиркоски.