[Видео] Српските студенти вечерва ја блокираа зградата на РТС

Студентите во блокада вечерва ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) и рекоа дека блокадата ќе трае 22 часа. Преку Инстаграм, тие посочија дека излез ќе им биде овозможен на сите вработени, но дека никој нема да влезе додека „не се ослободи РТС“, јавува Н1.

Преку социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните да им се придружат на блокадата.

„Таковска 10, РТС. Сите. Веднаш. Сега. Операцијата штотуку започна. РТС му припаѓа на народот“, наведе Факултетот за драмски уметности на својот официјален Инстаграм профил. Оттаму додаваат дека долго подготвуваната акција „Операција“ штотуку започнала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kreni- Promeni (@kreni.promeni)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mašina (@masina.rs)

„Вечерва од страна на водителката на РТС сме наречени толпа. Затоа вечерва ја блокираме зградата на РТС. Без насилство, без упад. На сите вработени ќе им биде овозможено да ја напуштат зградата – но никој не влегува“, соопштија од Медицинскиот факултет во Белград.

Инаку, претходно дојде и до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, кога, како што се наведува, студентите се обиделе да постават заштитни бариери на влезот во зградата на РТС.

Од Министерството за внатрешни работи посочија дека полицијата која ја обезбедува зградата на РТС, како и до сега, не интервенирала и нема да интервенира против оние кои ја вршат блокадата, вклучително и вечерва, освен ако не дојде до насилен упад во државните институции и зградата на РТС и напад врз полицијата.

Оттаму велат и дека за време на доаѓањето на полицијата во зградата на РТС за да застанат внатре во објектот, Жандармеријата била попречена и нападната, при што еден припадник на Жандармеријата бил повреден и пренесен во Ургентниот центар. Истовремено, оттаму соопштија дека по влегувањето на Жандармеријата во зградата на РТС немало никакви конфликти, ниту интервенции.

Десетици студенти вечерва се собраа и пред зградата на Радио-телевизија Војводина во Нови Сад со цел да ги поддржат колегите од Белград.